Советникот на рускиот претседател Владимир Путин, Јуриј Ушаков, најави дека подоцна овој месец во Москва ќе се сретне со папскиот пратеник, кардиналот Матео Зупи, со кого ќе разговара за хуманитарни прашања поврзани со конфликтот во Украина.
„Ќе го примам на крајот на септември и конкретно ќе разговараме за прашањата поврзани со Украина“, ја пренесуваат руските медиуми изјавата на изјави Ушаков.
Тој додаде дека Зупи во Москва доаѓал неколкупати и дека неговите посети главно биле посветени на хуманитарни прашања, но оти ќе биде опфатена и политичката страна на конфликтот.
Кардиналот Зупи, кој е претседател на Италијанската бискупска конференција, последен пат ја посети Москва во октомври 2024 година кога разговараше за повторното обединување на семејства, размената на воени заробеници и можностите за дијалог за прекин на војната во Украина.
Зупи претходно разговараше и со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев.
ФОТО: Илсоле 24




