УХМР информира дека вечерва големо невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град има во Кавадарци. Според последните информации невремето се движи кон Неготино.

Од УХМР известуваат дека нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и грмежи има во Кочани, Кичево, Свети Николе, Велес, Кавадарци и западно од Демир Хисар, Свети Николе и Македонски Брод.

Има можност пороен дожд да ги зафати јужните делови од Скопје!

УХМР