Две лица од Тајван се пронајдени мртви во стан Кисела Вода.

Станува збор за 50-годишна жена и 37-годишен маж. Претходно тие двајца биле пријавени за исчезнати од жена, која во полиција дала изјава дека ги нема нејзината мајка и сопругот на нејзината мајка.

Од МВР потврдуват дека случајот бил пријавен денеска околу 13:50 часот во СВР Скопје.

Според информациите од полицијата, Н.М. ги пронашла својата мајка Ч.Т.Ј. (50) и сопругот на нејзината мајка Ш.Л.Ф. (37), двајцата државјани на Тајван.

-Денеска околу 13:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во стан во централното подрачје на Скопје, од страна на Н.М. пронајдени се починати нејзината мајка Ч.Т.Ј.(50) и сопругот на нејзината мајка Ш.Л.Ф. (37), двајцата од Тајван, а кои на 02.09.2026 во 00:49 часот биле пријавени за исчезнати од страна на Н.М., информира МВР.

На лице место упатена е екипа на СВР Скопје, а од лекар од судска медицина констатирана е смрт без видливи траги на насилство и телата се дадени на обдукција.

Од МВР истакнуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.