Кире МИХАИЛОВ, заменик директор во Македонски шуми
Пожарите уништуваат се пред себе не бирајќи дали куќите и имотите се на некој богат или пак сиромашен и дали во нив живеат луѓе или пак се живеалиште за животни.
Опасните огнени јазици во текот на вчерашниот ден со натчовечки напори од земја и од воздух беа стопирани на само десетина метри од трошната куќичка на 70 годишниот дедо Винко од село Пухче!
Денеска покрај тоа што го досредувавме пожарот во штипско, го посетив дедо Винко и му донирав вода, сокче и некои други намирници да му се најдат.
Дедо Винко е еден од малкуте жители на скоро испразнетото село Пухче и таму сам го живее своето секојдневие со неговите дваесетина козички, јариња и неколку прча.
Сликата која ја видов во домот на дедо Винко беше навистина траорна и ме полазија морници кои се уште будат немир кај мене и после неколку часа од посетата денес.
Дупките на подот, немањето скали и помислата дека при секој сон од горниот кат ги гледа и козичките доле се секојдневието кое го живее дедо Винко, за жал.
Лично ќе се обидам да му помогнам, држете ме за збор, ЈАВНО ВЕТУВАМ!!!
МАКЕДОНИЈА има милионери, но, има и граѓани кои живеат во невидено лоши субстандардни услови.
Секој човек заслужува барем основни хумани услови во кои ќе го помине животот, а секој хуман граѓанин би требало да помогне во рамки на своите можности и желби.
Помагајќи на другите, си помагаме себеси затоа што пред Бога нема богати и сиромашни, едноставно, сите сме само луѓе.







