Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски објави дека градскиот воз е нов јавен превоз, нова можност за Скопје.

-Со 8 поаѓања дневно во точно утврдено време, граѓаните добиваат уште една нова можност да стигнат побрзо до својата дестинација и да го избегнат сообраќајниот метеж. Градскиот воз значи: побрзо патување, пониски трошоци, подостапен и сигурен јавен превоз, смета Николоски.

Ги повика граѓаните да користат воз и да ја придонесат за почиста средина.