Италијански судии мака мачат како да осудат сериски провалник бидејќи не успеваат никако да дознаат кој извршил кражби – тој или неговиот брат близнак.
Суд во Верона пред неколку дена го ослободи Едуардо Триши (34) од обвинение за тешка кражба бидејќи ниту со ДНК анализа не можело да се докаже дали на местото на злосторството бил тој или неговито брат близнак Едмонд.
Неговиот адвокат вели дека тоа не е првпат. Суд неговиот клиент го ослободил во 2016 и 2017 година „бидејќи не било можно со сигуност да се идентификува ниту со ДНК метода“.
Браќата Труши, етнички Албанци се близнаци, се облекуваат исто, имаат исти тетоважи носат толку сличен генетски профил да не може да се разликлуваат по отисоци од прсти. И двајцата имаат „дебело“ полициско досие – стотина кражби и провали во куќи во северна Италија. Засега, нема никакви докази против нив.