Египетски археолози открија гробница стара 4.300 години во близина на Каиро, соопшти египетското Министерство за туризам и антиквитети.

Гробницата е откриена од египетско-шпански тим во огромната некропола Сакара што се наоѓа јужно од главниот град на Египет. Таа е од времето на владеењето на кралот Џедкара Исеси од Петтата династија, кој владеел меѓу 2381 и 2353 година п.н.е. Потекнува од приближно истиот период кога се граделе Големите пирамиди во Гиза и Скалестата пирамида во Сакара. Гробницата е прилично добро сочувана, објави „Си-би-ес њуз“.

Откритието е најдено во текот на летово како дел од долгорочен проект во којшто учествуваат Автономниот универзитет во Барселона, Шпанија, и Врховниот совет за антиквитети на Египет, се наведува во известувањето.

Надлежните соопштуваат дека во гробницата почива човек по име Јунмен, кој, според наодите, бил судија на дворецот, задолжен за разгледување на поплаките и жалбите на народот.