Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, денеска оствари средба со министерот за одбрана Владо Мисајловски, при што му беа врачени благодарница и признание за неговиот придонес во областа на одбраната.
Ковачки информираше дека на средбата во пријатна и конструктивна атмосфера биле разгледани прашања поврзани со одбраната и безбедноста, како и значењето на силните и стабилни институции.
„Искажувам особена почит за посветеноста, одговорноста и државничкиот пристап на министерот Мисајловски со кој ја води одбраната на татковината“, порача Ковачки.
Тој изрази благодарност за укажаната чест и признанието, нагласувајќи дека посветеноста кон државата и институциите останува заедничка обврска.
„Продолжуваме заеднички, со работа, посветеност и љубов кон Македонија!“, истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.




