До 18:00 часот попладнево се регистрирани 21 пожар на отворен простор, од кои пет се активни, пет се под контрола, а 11 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според ЦУК, активни се пожарите во Општина Струга: с. Буринец – с. Локов – с. Селце – с. Елевци (високостеблеста шума), Општина Македонски Брод: с. Белица, м.в. Кајорец (нискостеблеста и мешана шума), Општина Чучер-Сандево: с. Брест, м.в. Рамно (мешана шума), Општина Ново Село: с. Стиник (ниска вегетација) и Општина Ново Село: с. Борисово кон с. Колешино (ниска вегетација и нискостеблеста шума).

Под контрола се пожарите во Општина Македонски Брод: с. Бенче (шумски пожар), Општина Кичево: с. Тајмиште, м.в. Дарда (ниска вегетација), Општина Кичево: с. Кнежино, место викано Црн Камен (ниска вегетација и пенушки), Општина Делчево: градска депонија (ѓубре) и Општина Крива Паланка: с. Осиче (ниска вегетација).

Како што соопшти ЦУК, изгаснати се пожарите во Општина Струга: с. Враништа (дива депонија), Општина Струга: с. Радолишта (депонија), Општина Куманово: нас. Перо Чичо (ниска вегетација и ѓубре), Општина Карпош: Железни Мост (ниска вегетација), Општина Карпош: бул. „Илинден“, кај „Водовод“ (ниска вегетација), Општина Кривогаштани: с. Крушеани (ниска вегетација), Општина Струмица: с. Банско (депонија), Општина Желино: с. Желино (ниска вегетација и ѓубре), Општина Јегуновце: с. Вратница (ниска вегетација), Општина Ѓорче Петров: с. Грачани (шума) и Општина Шуто Оризари: кај хотелот „Њу Стар“ (ѓубре и ниска вегетација).