Во двата првите два меча од денешната завршна програма на 1. коло во Лигата на шампионите видовме поделба на бодовите и на двата меча.

ПСВ Ајндховен и Шахтјор Доњецк одиграа 1:1 во меч во кој гостите поведоа во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме, кога Мендоза ја затресе мрежата на ПСВ.

Домашниот тим веднаш на стартот на вториот дел успеа да израмни преку Сержињо Дест, кој погоди во 48. минута.

Исто резултст беше забележан и во Истанбул, каде што Фенербахче и Рома ремизираа 1:1.

Римјаните поведоа во 39. минута преку Кристанте, по асистенција од Мален, откако претходно Пауло Дибала пропушти голема шанса.

Фенербахче израмни веднаш по паузата. Во 48. минута Браун реализираше по одлична асистенција од Гринвуд.

Турскиот тим во продолжението беше поблизу до победата, а најдобрата шанса ја имаше Аке во 86. минута, но неговиот удар заврши во пречката.