Кошаркарската федерација на Македонија одржа работен состанок со претставниците на клубовите – членки на Здружението на клубови од Суперлигата, на кој беа разгледани повеќе прашања поврзани со организацијата и подготовките за новата натпреварувачка сезона 2026/2027.
Состанокот се одржа во просториите на федерацијата, а во фокусот на разговорите беа теми од значење за непречено организирање и спроведување на натпреварувањето во претстојната сезона. На состанокот беа разгледани системот на натпреварување за сезоната 2026/2027, термините за почеток на сезоната, како и организацијата на Суперкупот на Македонија.
Претставниците на клубовите беа информирани и за продолжувањето на спонзорската соработка со компанијата „М-тел“, како дел од активностите поврзани со обезбедувањето дополнителна поддршка за македонската кошарка.
Работниот состанок беше можност федерацијата и клубовите да ги разменат мислењата, предлозите и ставовите во однос на прашањата поврзани со претстојната сезона, кои ќе бидат земени предвид во понатамошното постапување на надлежните органи на КФМ.
Во рамките на состанокот беше реализирана и ждрепката на натпреварувачките броеви, по кои беа формирани двојките за првото коло од новата сезона во Суперлигата:
Прво коло (3,4 октомври):
Струмица – Работнички
Пелистер – ТФТ
Скопје – Кожув
МЗТ Скопје Аеродром – МКК Куманово
Штип – Тиквеш Голден Игл




