Откако минатата сезона екипата на Комо ги остави гигантите Милан и Јувентус без ЛШ, оваа во историскиот деби настап во елитното клупско натпреварување со 4:1 го совлада Лајпциг.

Фаворитите Баерн Минхен и Манчестер јунајтед рутински дојдоа до бодовите против Бодо, односно Сабах Баку.

Баерн кој славеше со 5:0 над Бодо, головите ги постигна во второто полувреме. Резултатот го отвори Мусијала во 47-та минута, погодуваа уште и Хари Кејн, Алфонсо Дејвис и Михаел Олисе кој даде два гола.

Манчестер јунајтед со 4:0 славеше над Сабах Баку, а неизвесноста ја разреши уште во првото полувреме. Куња, Бруно Фернандез и Шешко се запишаа во листата на стрелци, а точка на мечот стави Мартинез во 68-та минута.

Ленс со два гола во финишот успеа да направи пресврт и да слави со 2:3 на гостувањето во Прага кај Славија.