Ракометарите на Вардар по петгодишна пауза се вратија во Лигата на шампионите со пораз.

Македонскиот шампион е поразен со 33:31 на гостувањето кај Мелсунген.

До крајот на првиот дел се играше гол за гол и на одмор се замина до минимална негатива на вардарци (16:15).

Воркапиќ беше најдобар кај Вардар со девет гола, Љевар даде седум, додека Гогов кој бранеше во второто полувреме имаше шест одбрани. Кај Мелсунген, Дростен и Гола дадоа по пет гола.

Во второто коло кое се игра следната недела, Вардар пред своите гледачи ќе игра против Нант.