Државниот завод за ревизија утврдил дека проценетата вредност за третата фаза од железничкиот Коридор 8, пругата Крива Паланка–граница со Бугарија, пораснала за околу 220 милиони евра, односно од 340 на 560 милиони евра. Бараме од Јавното обвинителство да го истражи ревизорскиот извештај на ДЗР и да постапи согласно истиот, изјави на прес-конференција Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во партиското соопштение, што МИА го пренесува интегрално.

Извештајот на ДЗР потврдува дека во главите на СДС и ДУИ, биле само провизии, проценти, тендери.

Наместо да работеа во интерес на граѓаните, талогот работеше во интерес на својот џеб.

Затоа СДС и ДУИ треба да одговорат зошто проектот со години доцнеше, а неговата проценета вредност растеше? Зошто граѓаните да плаќаат 220 милиони евра повеќе? За ликови како Филипче и Заев да ги полнат своите џебови?

Почитувани граѓани,

Денес, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на изнаоѓање одржливо решение за железничкиот Коридор 8 и реализација на стратешкото поврзување.

Но, не смееме да заборавиме на претходни црнила кои ги наследивме, а за кои бараме од Јавното обвинителство да го истражи ревизорскиот извештај на ДЗР и да постапи согласно истиот.

Не сме исти. Разликата е евидентна.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ