Кинескиот претседател Шји Џјинпинг денеска оствари билатерална средба со индискиот премиер Нарендра Моди на маргините на 18-тиот годишен самит на БРИКС, што се одржува во индискиот главен град Њу Делхи.
„На 12 септември попладне по локално време, претседателот Си Џинпинг се сретна со индискиот премиер Нарендра Моди во Њу Делхи, на маргините на 18-тиот самит на БРИКС“, објави кинеската државна телевизија, без да изнесе дополнителни детали за содржината на разговорот меѓу двајцата лидери.




