На 14.09.2026 во ОВР Кавадарци е пријавено дека во 09:00 часот на експресен пат Градско-Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 52-годишната К.Л. и патничко возило „шкода“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Љ.М.(67), двајцата од Битола.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Љ.М., а со телесни повреди се здобила 24-годишната С.С. од Скопје, сопатничка во патничкото возило „мерцедес“, констатирани во Општа болница Прилеп, информира МВР.

Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.