Тешко повреден 80-годишен маж во сообраќајна несреќа што се случила на патот Струмица–Радовиш, во селото Владевци, општина Василево, информира Министерството за внатрешни работи.

Несреќата била пријавена во СВР Струмица на 14 септември во 18:43 часот. Во неа учествувале патничко возило „ланд ровер“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од С.Т. (59) од селото Ораовица, радовишко, и трактор „ИМТ 533“ без регистарски ознаки, управуван од Ѓ.С. (80) од селото Сушево, општина Василево.

Во несреќата тешки телесни повреди се здобил 80-годишниот тракторист. Повредите биле констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Струмица.