Главните градови на Романија – Букурешт (2028) и на Србија – Белград (2029) ќе бидат домаќини на финалните натпревари на УЕФА Лига Европа по одлуката донесена на Извршниот комитет на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) во Солун, Грција.

Претходно во денот беше објавено дека финалето во Лигата на шампионите ќе се игра во Минхен 2028 и во Барселона 2029. Финалните дуели во УЕФА конференциската лига ќе се играат во Торино 2028 (стадион Јувентус) и на Пушкаш Арена во Будимпешта 2029.

УЕФА Супер купот во 2027 година ќе се игра на „Јохан Кројф Арена“ во Амстердам и 2028 година во Астана.

Женските финални дуели од Лигата на шампионите ќе се играат 2028 година во Лион и 2029 година на Националниот стадион во Кардиф.