Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа, Томаш Бочек, на која беа разгледани активностите за реализација на проектот „Реконструкција на казнено-поправните установи во Република Македонија“.
Проектот, кој се реализира со заем од ЦЕБ во износ од 46 милиони евра, има за цел унапредување на условите во казнено-поправните установи и обезбедување на современи услови за сместување, здравствена заштита, хигиена, работни и слободни активности на осудените и притворените лица, во согласност со европските стандарди.
Активностите во текот на 2026 година продолжуваат согласно предвидената динамика. Во јули 2026 година е склучен и договор за стручен надзор над изградбата, додека постапката за избор на изведувач за изградбата на предвидените објекти е во тек.
Министерството за правда останува посветено на унапредување на системот за извршување на санкциите и создавање современи и европски услови во казнено-поправните установи.




