Спасувачките екипи открија 20 безживотни тела под бомбардираната зграда, што синоќа се урна во градот Газа.
Помеѓу загинатите има и деца, а уште десетици луѓе се заробени под урнатините.
Според Цивилната заштита на Газа, при уривањето на седумкатната зграда загинале најмалку 20 луѓе, од кои шест деца, а 14 лица се повредени. Се претпоставува дека под урнатините се наоѓаат уште сто луѓе.
Десетици илјади Палестинци живеат во околу 2.000 згради оштетени во израелските воздушни напади низ Појасот Газа.




