Бележиме засилени градежни активности на изградбата на пругата кон Бугарија, делница од Бељаковце кон Крива Паланка. Оваа делница е во должина од 34 км. Во моментов засилено се гради најдолгиот мост број 7, во должина од 194м, еден од трите неизградени мостови, од вкупно 29 мостови, објави на својот фејсбук профил директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски.
– Парелелно се произведуваат бетонските елементи потребни за санација на 26 – те полуизградени мостови од 1990 – тите. Вкупно треба да се произведат 352 бетонски елементи а до моментов се произведени 71, со динамика од 10 неделно, се додава во објавата.
Вкупен прогрес на проектот е околу 40 отсто.
– Проекцијата до крајот на оваа година да се стигне до 50 отсто реализација на проектот. Продолжуваме со засилено темпо до конечна реализација на овој капитален инфраструктурен проект, објави Ивановски.




