СДСМ во одговорот на прес-конференцијата на ОК Центар, реши да се занимава исклучиво со мене, наместо со тоа зошто има глувци во најурбаната општина во државата, во срцето на главниот град. Личните фрустрации поради поразот кој ви е се поблизок не може да ја оправда вашата неспособност и фактот дека немате капацитет за да раковите со општина Центар, реагира Сергеј Попов, претседател на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ.
Им порача дека не се способни да се справат ниту со едни обични глодари.
-Согласно законот за Град Скопје, член 15, надлежноста за дератизација и дезинфекција е на Општина Центар, како што според член 10 од истиот закон, за дезинсекција надлежноста е на Град Скопје. Факт е дека вашите сопартијци од СДСМ основните законски надлежности немаат капацитет да ги сработат, а не па да спроведат некои посериозни проекти. Горан, твојата способност, но и на твоите соработници се сведува на издавање одобренија за градба “од ракав”. Преку 300 дозволи за бетонизација, да ги наречеш “хуман урбанизам”. Твојата способност се сведува на легализиран “рекет” на Центарци, преку поскапи паркинзи за жителите на општината. Способноста на СДСМ се сведува на огромни дупки на сред Центар, со кој се загрозува безбедноста на граѓаните. Способност за давење на општински претпријатија во финансиски скандали и сомнежи за криминал. Дечки, јас знам дека ви гори под нозе. Го губите Центар и нема назад. Знаат и граѓаните, објави на Фејсбук Попов.




