Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави, каде со својот тим оствари низа работни средби.

Со јасен план за посилна и просперитетна Македонија, објави премиерот.

Со ексклузивно интервју за МИА од Вашингтон тој зборуваше за соработката со САД, за гасоводот и дата-центрите, како и за односите со Бугарија.

Мицкоски истакнува дека ние сме врвен приоритет на САД во регионот, дека апсолутно во Македонија и во оваа Влада гледаат како на близок пријател и дека разговараат за капитални проекти во енергетиката и инфраструктурата.