Иран им ги претставил на посредниците своите услови за продолжување на преговорите за ставање крај на војната со САД, изјави секретарот на иранскиот Врховен совет за национална безбедност Мохсен Резаеи во интервју за Ал Џезира.
Условите вклучуваат прекин на непријателствата на сите фронтови, одмрзнување на иранските средства и укинување на поморската блокада, изјави Резаеи.
Тој додаде дека се во тек консултации со катарски и пакистански пратеници, а Техеран очекува одговор од американскиот претседател Доналд Трамп.




