Триесет и едногодишен маж со македонско потекло го загубил животот во тешка сообраќајна несреќа што утрово се случила во близина на Ортона, во италијанскиот регион Абруцо.

Според информациите што попладнево ги објавија италијанските медиуми, станува збор за Стефан Ѓ. (31), маж со македонско потекло, кој живеел во Ортона.

Несреќата се случила во утринските часови, а на местото интервенирале надлежните служби. Деталите за околностите под кои дошло до несреќата засега не се целосно познати.