На 22.09.2026 во 00:05 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Х.Ф.(41) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом, под дејство на алкохол, агресивно се однесувал кон неговата 63-годишна мајка.
Според пријавата, тој фрлал и остри и други предмети од покуќнината кон неа и ѝ нанел повреди.
Х.Ф. е задржан во полициска станица и при преземање мерки му биле измерени 1,54 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.




