Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека претходните денови разговарал со привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез.
– Да, разговарав. Разговаравме за изборите, истакна Трамп одговарајќи на новинарско прашање во Белата куќа.
Родригез на 22 септември на маргините на 81-та седница на Генералното собрание на Обединетите нации имаше кратка средба со Трамп, при што го пофали американскиот претседател за повторното воспоставување на дијалог со Венецуела.
Тоа е прва посета на Родригез на САД откако американските сили во јануари ги уапсија претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес.
Претходно, американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Трамп и Родригез разговарале за реструктурирање на државниот долг на Венецуела во висина од повеќе милијарди долари.
Рубио истакна дека Вашингтон инсистирал на политички промени во Венецуела.
Родригез во говорот пред ГС истакна дека ќе бидат одржани избори во рамките на транзицијата кон „целосна демократија“. Но, таа не наведе кога ќе се одржат изборите.
МИА




