Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека заробиле американски подводен дрон во водите на Ормуска Теснина.

Во координирана и сложена операција, поморските сили на ИРГЦ успеаја да заробат високотехнолошки подводен дрон што ѝ припаѓал на американската армија, јави иранската државна телевизија.

Дронот „Ремус 600“ дејствувал во Ормуска Теснина за да шпионира и веќе го имаат експертите задолжени за извлекување на податоците, се наведува во соопштението на ИРГЦ.

Тоа е втор заробен подводен дрон, како што тврди ИРГЦ, во текот на месецот.

Контролата врз Ормуска Теснина, по американско-израелскиот напад врз Иран, ја има Техеран, а Вашингтон одговори со блокада на иранските пристаништа