На официјалната прес конференција своите очекувања од натпреварот со Словенија ги искажа и напиот голман Столе Димитриевски.
“Разговаравме играчите и стручниот штаб, знаеме дека не одигравме добро со Швајцарија особено во дефанзивата. Немавме цврстина и не бевме на вистинско ниво.
Но ни доаѓа нов натпревар, нов предизвик и немам друг избор освен да го дадеме максимумот.
Играме натпревари на три дена и мора да се поддржуваме и мислиме само на напред. Се надевам дека ќе имам одличен натпревар, и ќе ја сочувам мрежата, имам таква традиција кога ќе дојдам тука. Ни треба добар резултат за подигнување на самодовербата“, изјави Димитриевски.




