Селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Луис де ла Фуенте, е задоволен од прикажаното на неговите избраници во синоќешната победа над Англија со 3:2 на гостинскиот натпревар од првото коло од групната фаза на Лигата на нации.
– Видов многу силен, многу моќен противник, особено кога нашето ниво опаѓаше. Тие знаеја како да ги искористат тие моменти.
Тие се тим со многу добри играчи и многу добра фудбалска филозофија. Вистината е дека имавме иницијатива и контрола поголемиот дел од натпреварот, и секогаш кога имавме можност за контранапад, ги казнивме жестоко.
Исто така, создадовме многу опасни моменти кога ја имавме топката и градевме моментум. Генерално, мислам дека беше многу добар натпревар за навивачите и многу корисен за тренерите.
Секој играч е подеднакво важен како и сите други: оние кои го започнуваат натпреварот и оние кои влегуваат за да ја подигнат играта на своите соиграчи. Ние го прифаќаме ова природно, како нормална работа, со понизност.
Исто така е вистина дека кога правиме замени, играчите кои влегуваат ги решаваат проблемите во многу висок процент на случаи и се во центарот на вниманието.
Ова само покажува дека имаме исклучителна група играчи со неоспорен став и амбиција. Многу е тешко да се победи во кој било натпревар, особено против противник како Англија на „Вембли“. Покажавме дека сме одлична репрезентација, изјави Де ла Фуенте.
Шпанија е прва на табелата во Групата 3 од Дивизијата А во Лигата на нации. На 29 септември тие ќе играат против Хрватска дома.




