Рускиот претседател Владимир Путин вчера потпиша указ за зголемување на бројноста на руските вооружени сили за 15.500 војници.

Указот на Путин доаѓа во момент кога и Москва и Киев трпат сè поголеми загуби во војната во што трае повеќе од четири и пол години.

Во указот не е наведена причината за зголемувањето, ниту е прецизирано како ќе бидат пополнети новите места.

„Дозволената бројност на руските вооружени сили е утврдена на 2.441.630 лица, од кои 1.550.500 се војници“, се наведува во указот.

Путин слични укази за зголемување на бројноста на армијата донесе и во март, јуни и јули годинава, така што со вкупното зголемување од март досега изнесува 47.860 војници.

Инаку, во последниот период забележано е забавување на напредокот на руските сили на бојното поле, а широката употреба на дронови на фронтот ги прави речиси невозможни брзите и масовни маневри.

Украина повеќепати ја обвини Русија дека подготвува нова воена мобилизација, што Путин го оцени како украинска „дезинформација“.

Рускиот претседател последен пат нареди мобилизација на резервистите во 2022 година.