Македонија – Словенија 0-0 на полувреме на гостувањето на нашите фудбалери кај Словенија на „Стожице“ во натпревар од второто коло од Б-дивизијата во Лигата на нации.

Веќе во втората минута домаќините ја имаа првата шанса, откако кон голот на Димитриевски биеше Випотник, но за наша среќа неговиот удар заврши во пречката на македонскиот гол.

Веднаш возвративме, откако Елези во шестата минута биеше од непосредна близина, но Бијол одлично го блокираше неговиот шут.

Следуваше помирен дел од мечот, а по една половина од првото полувреме на семафорот се уште стоеја почетните 0-0.

Словенците втората убава шанса ја имаа во 25. минута кога од 16 метри биеше Карничник, но неговиот удар заврши високо над нашиот гол.

Следуваше нова шанса за домаќините преку Випотник, но одличен беше Димитриевски. Елези беше наш најдобар фудбалер, но уште еден негов шут заврши покрај голот на Облак.

До крајот на првиот дел Словенија се закани и преку Випотник во 31. минута. До крајот на првиот дел мируваа мрежите, па на пауза се замина со почетните 0-0.