Македонската фудбалска репрезентација во рамките на 2.коло во Лигата на Нации беше поразена од Словенија во Љубљана со конечни 2-0, полувреме 0-0.
Уште на почетокот во втората минута домаќините ја имаа првата шанса, откако кон голот на Димитриевски биеше Випотник, но за наша среќа неговиот удар заврши во пречката на македонскиот гол.
Веднаш возвративме, откако Елези во шестата минута биеше од непосредна близина, но Бијол одлично го блокираше неговиот шут.
Следуваше помирен дел од мечот, а по една половина од првото полувреме на семафорот се уште стоеја почетните 0-0.
Словенците втората убава шанса ја имаа во 25. минута кога од 16 метри биеше Карничник, но неговиот удар заврши високо над нашиот гол.
Следуваше нова шанса за домаќините преку Випотник, но одличен беше Димитриевски. Елези беше наш најдобар фудбалер, но уште еден негов шут заврши покрај голот на Облак.
Словенците подобро го отворија вториот дел, со водство од 1-0 со погодокот на Санди Ловриќ во 55. минута.
Матко по една фантастична транзиција го матира Димитриевски и Словенија поведе со 2-0 на крајот и конечен резултат.
До крајот на средбата Македонија имаше јалова иницијатива и бодовите заслужено останаа во Словенија.
Во третото коло Македонија на свој терен ќе ја пречека Шкотска, в сабота со почеток од 20:45 часот.




