Возачот во Формула 1, Естебан Окон, ќе го напушти тимот на Хаас на крајот од сезоната, објави 30-годишникот Французин, додавајќи оти тоа не значи дека неговата кариера во Ф1 е завршена.
-Мојата соработка со тимот на Хаас Ф1 ќе заврши на крајот од оваа сезона. Го напуштам овој проект со крената глава, горд на моите перформанси во околности кои не секогаш беа лесни, напиша Окон на својот Икс профил,
Окон се приклучи на Хаас во 2025 година од Алпин, за кој возеше четири години.
„Ова апсолутно не е крај на мојата кариера во Формула 1“, порача францускиот возач, кој зад себе има 195 настапи во Формула 1, постигнувајќи една победа и вкупно четири подиуми.
Сезонава Окон досега освои седум бодови и во моментов е на 16 место во генералниот пласман.
МИА




