СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.Џ. (20) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 24.09.2026 полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф 5“, но пред да застане возилото, пријавениот, преку прозорецот фрлил марихуана.
Истиот ден, полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом, при што, исто така, била пронајдена и одземена марихуана.




