Министерот за одбрана на САД, Патрик Шанахан не исклучува можност за испраќање војски во Колумбија во врска со политичката криза во Венецуела.

На прес конференција Шанахан изјави дека не разговрала со советникот за национална безбедност во Белата куќа за прашањето за испраќање војници во Колумбија.

Во бележник на Џон Болтон со кој тој се појави вчера на прес конференција за санкциите врз Венецуела беа регистрирани зборовите „5.000 војници во Колумбија“.

Колумбија има граница со Венецуела долга 2.200 километри. Колумбиските власти објавија дека го поддржуваат лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо.