Според информациите, Управата за финансиска полиција, во координација со Обвинителството, спроведува акција за нов случај поврзан со сомнежи за злоупотреби во работењето на Државна лотарија
Нови апсења се случуваат во Државна лотарија, дознава „Плусинфо“ од извори запознаени со случајот.
Приведена е поранешната раководителка на финансии во Државна лотарија, како и уште едно лице. Тие се сомничат за проневера на околу 80 милиони денари, односно околу 1,3 милиони евра.
Сомнежите, се однесуваат на периодот додека со Државна лотарија раководел поранешниот директор Перпарим Бајрами.
Акцијата е во тек, а се очекува во текот на денот надлежните институции да соопштат повеќе детали за случајот, за евентуалните други лица опфатени со истрагата и за сомнителните дејствија што им се ставаат на товар на приведените.




