На 04.10.2026 во 23:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Б.Р.(35) од Куманово.

Според пријавеното, околу 21:30 часот во домот во кој престојувал во Гевгелија, физички го нападнал малолетниот син на неговата вонбрачна партнерка.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.