Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК во моментов врши претрес во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола поради сомнение за сторени коруптивни кривични дела, соопшти МВР.

Претходно неофицијално беше објавено дека вечерва во Прилеп од страна на полицијата е лишен од слобода виш јавен обвинител од ова обвинителство.

Исто така, неофицијално се наведува дека случајот се поврзува со постапување околу враќањето на пасошот на бизнисменот Борче Марковски.