Министерството за внатрешна безбедност на САД предложи странските студенти да платат најмалку 70.000 долари за надомест за обука ако сакаат да работат во земјата. Тоа се нагласува во владино известување објавено онлајн, а мерката е дел од поширока кампања на администрацијата на Трамп насочена кон странци со визи.
Според тој предлог, студентите со неимигрантски статус и виза F-1 ќе мора да платат 70.000 долари на акредитирана установа за обука на работното место – познат како „Опционална практична обука“ (OPT), како и 30.000 долари за секоја дополнителна обука на работно место.
Министерството соопшти дека новите правила се дизајнирани да „спречат измами, да го зајакнат интегритетот на имиграцискиот систем и да ги заштитат американските работници“.
Според OPT системот, странските студенти можат да завршат до 20 часа обука на работното место неделно за време на часовите, како и за ограничен период по дипломирањето, со дополнителни бенефиции за оние со дипломи од наука, технологија, инженерство и математика.
Во моментов, се очекува учесниците да платат околу 500 долари.
Според американски медиуми, исто како и слични предлози од Министерството за внатрешна безбедност, таа промена на правилото веројатно ќе се соочи со брзи правни предизвици.




