Невообичаено пристигнување на патнички авион од Русија во главниот град на Венeцуела, Каракас, предизвика различни информации на социјални мрежи во државата.

Според руски медиуми во авионот имало само екипаж, но не и патници.

Авионот Боинг 777 на руската авиокомпанија Нордвинд Ерлајнс извршил директен лет од Москва до Каракас. Ниту властите ниту превозникот не даваат објаснување за целта на тој лет.

Претпоставки се најразлични – од тоа дека авионот донел платеници од Русија, до верзијата дека е тука за да го пренесе претседателот Никоас Мадуро. На социјални мрежи и локални електронски медиуми се појавија и информации дека бил натоварен со злато.