Валентин МАНАСИЕВСКИ, ВМРО-ДПМНЕ
Има неколку интересни сознанија од ова видео од Амар. Прво, не го коментира фактот што Скопското кале ќе стане туристичка и културна атракција преку вложување на огромна сума на пари, туку коментира фактот дали можеби ќе се наплаќале некакви влезници. Па да прашам, во која светска метропола за влез во културно историски значајни објекти не се наплаќа влезница? Имено, влезници се наплаќаат и во кралската тврдина во Мадрид, во Рим, во султанската резиденција во Истанбул и во многу други стотици културно историски значајни објекти.
Е сега од кога дознавме дека среднистот Амар е против ревитализацијата на Скопското кале и му одговара да остане така запуштено како што беше неколку години наназад, добро е да напомене, кога Левица раководеше со градските институции, на што ги трошеа парите на скопјани. На пример, библиотеката „Миладиновци“ или пак Музејот на град Скопје? Јас ќе ви кажам. Патриотите од Левица даваа сомнителни тендери на сомнителни фирми регистрирани во Мала Речица.
На крај, Амарче треба да знае дека Скопското кале има историско значење, а Халкидики пак е полуостров во Грција. И сега некој ќе праша каква е поврзаноста со Халкидики. Одговорот е тоа што таа е токму омилената дестинација на уберпатриотчињата предводени од Димче од Левица. Кога не ги трошат парите за кафичи во Скопје, ги трошат во Грција. Оти, нели треба да се помогне и грчката економија. Онака, баш патриотски.
Линк од фб објава:




