Во периодот од 14:00 часот до 20:00 часот денеска на подрачјето на Град Скопје од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што од страна на полициските службеници изречени се 102 мерки, информира МВР.
За време на сообраќајната контрола изречени се и три други мерки од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а притоа е санкциониран и еден возач без возачка дозвола и против истиот ќе биде поднесена и кривична пријава по член 297-А од Кривичниот законик.
Сите прекршители на сообраќајните правила и прописи ќе се соочат со законски предвидените глоби.
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.




