На 11.10.2026 во 07:30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионален пат Богданци-Дојран, патничко возило „киа“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Л.Н.(40) од село Фурка, гевгелиско, изгубило контрола и излетал надвор од патот, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.