Што се однесува до отвореното прашање со нашиот источен сосед, ние не бараме светот да се прилагодува на нас. Ние бараме да бидеме третирани со иста почит со која ние ги третираме другите. И  затоа сакам јасно да кажам: нема да ја градиме иднината врз омраза. Нема да ги претвораме разликите во непријателства. Нема да дозволиме минатото да биде пречка за соработка. Но нема ниту да се откажеме од сопственото достоинство, бидејќи вистинското пријателство не бара откажување од себе. Вистинското пријателство се темели на заемна почит. Вистинската европска иднина мора да биде иднина во која ќе влеземе со исправена глава, не со свиткана и понижена кичма. Не со чувство на пораз и горчина, туку со чувство на припадност, вели премиерот Мицкоски во обраќањето на Свечената академија по под 11 Октовмри – Денот на народното востание.

Затоа, вели Мицкоски, се нервозни од опозицијата, затоа навредуваат, најлесно е да лажат и манипулираат.

-Немаат ниту визија, ниту пак програма. Единството нешто кое што го имаат и тука се светски шампиони, е да потпишуваат се што ќе им биде ставено на маса, секој бел лист хартија, само нормално тоа ако може да го платат граѓаните. Нив ги интересира само фотелја и власт, подвлече Мицкоски.

Тој истакна дека нашата цел е европска иднина. Но, држава која е сигурна во себе, во својата историја и во својата иднина.

-Достоинство кое не е предмет на преговарање. Сакаме европска иднина, силни сојузништва и пријателства, но со исправена глава. Македонскиот идентитет, јазик и историја се нашето многувековно наследство, нашата гордост и нашата обврска кон идните генерации. Нашата татковина е поголема од секоја партија и секоја влада. Политичките разлики не смеат да бидат посилни од заедничката одговорност. Потребно ни е единство околу големите стратешеки цели, порача премиерот Мицкоски.

Фото: принтскрин