Во Белгија денеска се очекува уште еден протест на синдикатите против владината политика, откако во петокот се одржа помасовна протестна акција, пренесе агенцијата Белга.
Денешниот штрајк е на вработените во јавниот сектор. Штрајкот е насочен против недоволното финансирање на јавните услуги и претстојните нови буџетски мерки на владата, вклучувајќи го и повторното ограничување на индексацијата на платите и зголемувањето на стапката на ДДВ.
Се очекуваат тешкотии во функционирањето на неколку сектори, но нивниот целосен обем сè уште не е познат. Фламанскиот оператор за јавен градски превоз очекува сериозни прекини во сообраќајот и изработи алтернативен возен ред.
Штрајк почна и во железничкиот сообраќај, каде што денеска ќе сообраќаат помал број возови.
Јавните радио и телевизиски сервисни оператори исто така ќе бидат сериозно погодени. Нивните програми ќе бидат значително скратени, а многу од вообичаените емисии нема да се емитуваат. Радиостаниците ќе емитуваат претежно музика.
Можно да бидат погодени и училиштата. Застои и прекини се очекуваат и на други места, вклучувајќи ги и општинските администрации. Функционирањето на поштенскиот оператор исто така може да биде нарушено.
ФОТО: Принтскрин




