Кукавица, бумбар, морски папагал и еж ќе се најдат на новите банкноти на Банката на Англија, заменувајќи ги историските личности – вклучително и поранешниот британски премиер Винстон Черчил, соопшти Централната банка.

Одлуката на идните банкноти да се прикажат автохтони животни наместо познати Британци, е донесена по јавна консултација во која речиси 500.000 луѓе гласале за избор од 18 животински видови. Британскиот мајски бумбар (со жолт врв на опашката) добил најмногу гласови, а по него следуваат кукувицата и европскиот еж.

Црвената лисица и рибарчето (птица) добија повеќе гласови од морскиот папагал, кој сепак е избран за да се обезбеди барем едно морско животно во дизајните на новите пари.

Од Банката на Англија соопштија дека новиот дизајн ќе ги направат банкнотите попрепознатливи и потешки за фалсификување.