Ова е  дел од една „специјална војна“ и Случајот со Ива Михаилова и нејзиниот премин во Бугарија е политички мотивиран настан, изјави аналитичарот Раби Седрак во „Колегиум“ на ТВ Алфа. Тој очекува ова да се користи и во иднина како бугарски наратив кој источниот сосед ќе го користи како алиби за натамошното поставување пречки во македонските евроинтеграции и правдање на ветото кое во моментот го применуваат.

-Ова е политички мотивиран настан. Ова е дел од една поширока приказна. Ако правеле вака и порано, ќе им помогнеле и на Бугарите кои што се по македонските затвори. Затоа ви кажувам дека ова има политичка позадина и тоа ќе биде искористено, изјави Седрак во „Колегиум“. тој не верува ни во прикаската дека таа не можела да добие соодветен здравствен третман во Македонија и дека сето ова и се прави заради нејзината наводна бугарска самосвест.

Од моето искуство, знам странци кои имале дури и проблеми со регулирање на престојот во Макеоднија, па биле одлично лечени во болница. Се уште има добри луѓе во нашите здравствени институции и јас сум бил сведок на такви случаи во кои се грижеле и за странци, ги лечеле и им средиле се, така што не верувам во ова, изјави аналитичарот во дебатната емисија на ТВ Алфа.