На 12.10.2026 во 15:50 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај планинскиот превој Стража, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.Т.(31) од Кичево.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел корса“ со кичевски регистарски ознаки и притоа констатирале дека тој го управувал возилото без положен возачки испит.
Возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување моторно возило“.




