Претседателот на МИАНУ, проф. д-р Владица Ристиќ во своето обраќање пред меѓународната асемблеа, истакна дека Јордан Плевнеш со своето уметничко и академско дело ја презентира македонската култура и идентитет на сите меридијани. Со бројните интернационални признанија и присуството на неговите дела на театарските сцени и во светскиот книжевен простор, тој го афирмира и Балканот како поле на цивилизација на Љубовта, препознато и во Европа и на повеќе од педесеттина јазици на кои се објавувани неговите дела.

Заблагодарувајќи се за признанието, Јордан Плевнеш ја истакна својата благодарност до меѓународното жири на МИАНУ, нагласувајќи дека признанието го доживува не само како лична чест, туку и како признание за македонската култура и високото образование.

Во својата порака, Плевнеш ја нагласи непобедливоста на љубовта како темелна вредност врз која човештвото може да ја гради својата иднина во мир и толеранција, посочувајќи дека научното и уметничкото творештво придонесуваат за создавање свет без граници.